toggle menu Frikom
Toggle search

Frikom профил

Frikom денес

Frikom профил

Frikom профил

Frikom е лидер на пазарот во производството и дистрибуцијата на сладоледи и замрзната храна. Својата лидерска позиција Frikom ја одржува со континуирано иновирање на асортиманот.

Преку обезбедувањето на квалитетни производи и услуги Frikom постави стандарди во организацијата на сите елементи од работењето во областа на сладоледите и замрзнатата храна.

Frikom успешно го брани статусот на најголем производител и дистрибутер на индустриски сладолед и на замрзната храна. Во текот на неколку децениското постоење, Frikom разви позитивен и препознатлив имиџ.

Со правилно избраната стратегија на асортимани и следејќи ги светските трендови, Frikom ги ослушнува барањата на пазарот, додека со иновативните решенија, понудата на производи со врвeн квалитет, како и со внимателното градење на своите брендови секојдневно доаѓа во домовите на задоволните потрошувачи.

Производниот асортиман на Frikom наменет е за широкиот круг на потрошувачи, што се одразува во фактот дека покрај големиот асортиман на сладоледи во својата понуда има и асортиман на замрзнат зеленчук, замрзнато тесто и риба. Поради различните афинитети на потрошувачите Frikom континуирано го менува својот асортиман со цел задоволување на сите желби на нашите потрошувачи, па дури и на оние најпребирливите.

Со желба да стане силна регионална компанија во производството и продажбата на сладолед и на останатите замрзнати производи, Frikom постојано го зголемува асортиманот и им се прилагодува на новите барања од пазарот и на најразновидните желби на потрошувачите. Со збогатувањето и проширувањето на домашниот пазар, се проширува и организацијата за продажба во странство.

Frikom.rs