toggle menu Frikom
Toggle search

Историјат

Историјат

Историјат

1970. Заводот за индустриска технологија Институтот PKB започнува проект производство на замрзната храна (jадења, теста, сладоледи).

1975. Frikom е основан како разултат на заеднички влог на PKB и Unilever.

1976. Почнува првото производство на сладоледи и теста.

1978. Произведени се нови сладоледи Лени и Капри, а сладоледите кои веќе биле во асортиманот добиле нови имиња: Руменко, Чоко моко и Рум коктел.

1981. Компанијата Frikom во својот производствен погон го започна првото производство на зеленчук.

2002. Постоечкиот асортиман се проширува и со новиот Vulkano сладолед.

2003. Agrokor д.д. станува мнозински сопственик на Frikom.

2004. Frikom ја збогатува својата понуда со сладоледите: Strauss, King, Grandissimo, Macho и Maximo.

2005. Лансиран е првиот сладолед наменет за дијабетичарите - Grandissimo Light.

2006. Зголемување на асортиманот производи со воведувањето на новата форма на сладолед– Sandwich

2007.Основана е компанија за дистрибуција на производите во Македонија

2007. Лансирањe на Quattro сладоледот кој и припаѓа на категоријата семејни сладоледи.

2008. Frikom компанијата ја презема компанијата за преработка на овошје и зеленчук Нова Слога од Трстеник.

2008. Компанијата Frikom во својот произведствен погон ја воведе најсовремената линија за производство на корнети во Европа.

2009. Лансирање на зимскиот десерт -Жито со шлаг.

2010. Лансирање на новиот семеен сладолед Mini Quattro.

2011. Пуштена е во употреба новата линија за производство на мешан зеленчук.

2011. Збогатување на постоечкиот асортиман производи со новиот зимски десерт Parfe и сладоледот G selection.

2012. Проширување на асортиманот премиум со производот King Prestige.

2012. Компанијата Frikom во категоријата замрзнато овошје и зеленчук го доби признанието "Moj избор 2012".

Frikom.rs